Благојчо Георгиев од Кочани, од здружението „Хендикеп“, на Фејсбук сведочи дека две години негови луѓе ја обезбедувале дискотеката во Кочани и дека многу пати до сега зборувал за недостатоците, а за тоа само добивал закани.
-Нек почиваат во мир душите на загинатите. Меѓу нив имам братучед. Душата ме боли, сваќате ли што зборам против овој систем. Две години мои луѓе ја обезбедуваа дискотеката. Газдата е едно парољупче, не постои таков друг на планета што сака толку пари. Јас колку што знам, дискотеката внатре е целата излепена со најевтина изолација, со сунгер. Некои ќе ме пакуваа што сум зборувал, еве спакувавте толку фамилии. Ајде спакувајте ме, само во кочанската болница до сега има 63 луѓе, деца по 15, 16 години“, вели Георгиев низ солзи и додава:
„Јас му викав, алоо, деца по 15 години влегуваат во дискотеката, он вели ако, остави карти да земеме. Кој даде дозвола, таа шупа дискотека да се направи? Кој направи контрола? Лично јас имам пријавувано дека таму има еден куп малолетници, и после Бажо е ретардиран, лош, зборува после сите. Не против сите, зборувам против системот. Системот што ја зави у црно цела Македонија. Војна имаше толку не загинаа, како што загинаа во три минути. Додека не се свестиме што првиме и зошто молчиме така ќе биде, рече тој.