Денес е најубавиот ден во нашиот живот. Со огромна радост и храброст денес Андријана Николовска го донесе на свет нашиот сакан син – најголемиот благослов во нашиот живот! Жив, здрав и прав!
Тој донесе нова светлина, бескрајна љубов и среќа во нашето семејство. Благодариме на Господ за овој божји дар!
Ова во вторникот го објави поранешниот министер Љупчо Николовски, кој стана татко. Денес тој и сопругата го донесоа синчето дома и, како што ни рече тој, донесоа и радост во нивниот дом.

-Нашиот син се вика Ноа. Името ни се допадна и на мене и на Андријана, заедно одлучивме. Имаше повеќе идеи за име ама Ноа доаѓа од Библијата. Се роди тежок 3.710 грама, долг е 52 сантиметри. Денес до донесовме дома и се поклопи со денот кога јас и Андријна славиме годишнина од свадба.

Домот ни се наполни со радост, среќа и убава енергија. Како се чувствуваме? Чувствто е навистина како што сите велат и дека нема побитно нешто во животот и веднаш се се менува, рече Николовски за ММС и додаде:

-Ноа се роди на ГАК и сме многу благодарни на професионалноста на професорката Ана Данева Маркова, на д-р Даниел Милковски и педијатарот Лидија Маџовска. Горди сме што има доктори како овие и сите на Клиника. Се заблагодарувам и на Клиникта Ембриолаб од Солун и најголема благодарност на Бога што ни ја даде можноста да бидеме родители.

Јас и Андријана после пет години го добивме нашето дете. Во Солун беа сите инвитро третмани и многу верувавме во нив. За среќа и тие што ги пративме после нас да си добијат дете им се исполни желбата. И ние и тие сме благодарни на професорката Данева Марковска, која ни го овозможи конактот со Клиниката во Солун. Навистина на нашата среќа и нема крај, ни рече Николовски.

Љупчо и Андријана по долга врска направија свадба во 2020 година. Венчавката, пак, ја направија една година порано во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
Весна Миленковска
Фото: Приватна архива