Работниците,кои утрината започнале со градежни работи на уредување на Мега паркот покрај реката Брегалница,во близина на бунарите, ископаа човечко тело во распаѓање. Засега е утврдено дека нема траги на насилство, а идентитетот го потврдило неговото семејство. -Телото на починатиот е пронајдено заедно со неговите лични предмети и извршена е првична идентификација од страна на семејството. На телото не се констатирани видливи траги на насилство, соопшти Обвинителството.
Истражните органи засега не соопштуваат дали се работи за исчезнат човек по кого се трага, како и податоци за возраста и од каде е.