Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Форсина, вели дека добила дојава дека адвокатот Сашо Дуковски, кој е адвокат на Васил Јованов, кој ја усмрти сестра и, утре на прес конференција имал намера да објави видео, во кое Васо вриштел врз мртвото тело на нејзината сестра. Росица апелира до сите медиуми, институции и до целата македонска јавност апелира тоа видео да не се објавува.
-Добивме дојава дека адвокатот на Васил, Сашо Дукоски на утрешната пресконференција има во план да прикаже видео во кое Васо вришти над мртвото тело на мојата сестра! Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми. Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата а потоа и кон семејството како и кон целата јавност што е веќе доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор, напиша таа на Фејсбук.