Тодор Кулаков, таткото на Фросина, која минатата недела беше усмртена на „Партизанска“ беше гостин во дневникот на Сител и откри уште многу детали околу несреќниот случај, кои ја шокираат јавноста.
Тој на почетокот се заблагодари на поддршката од целата јаност и откри дека како последна информација што стасала до нив е дека сега се обидувале Јованов да го сместат во друга институција.
– Ќерката еднаш свирепо е убиена, а сега како што се соочуваме со овој систем, ние ќе умреме уште 10 пати да умреме со неа. Сакаат монструмот да го претстават дека шекнал од болка, веројатно што им ги земаа телефоните, не можат да комуницираат па бараат друга институција да го однесат, дали лудница, каде контролата е помала, за да го бранат. Бараме од надлежните ова веднаш да се спречи. ако бил ненормален имало време кога да се констатира, а не сег. На сите нам ни кажува дека ниту тој ниту родителите немаат зрно каење, рече огорчено таткото.
-Живееме во Дебар Маало и девојчето излезе, како и секоја вечер, и се враќаше сама со кучето. Таа е моден дизајнер, четврта година и оваа недела има некои модни случувања во Париз, и ги правеше последните подготовки. Затоа беше излезена. Слушнавме само брза помош и пискотиници. Сопругата и ѕвони на телефон, не одговара, јас и ѕвонев и не одговара. Погледнавме низ прозор многу луге, полиција, брза помош. Ако детето не ти одговара знаеш дека нешто се случило и веднш истрчавме. Кога стасавме што да видиш. Тој кога ја прегазил ќерка ми, која иронија на судбината, колата со сите запалени жмигавци, ја оставил кај нас пред зграда. Кутрето под кла ама не го видовме, ноќе, рече таткото на Фросина, а за таткото на Васил додаде:
„Атипично е некој да се мота. Луѓе ми приоѓаа, ме прегрнуваа, плачеа со мене, а тој се мота. Кога тој си замина ми кажаа дека тоа бил татко му“.
Тој кажа дека никој од семејството не го контактирал да му изрази сочуство.
– Затоа бараме правда и одговорност и од родителите. Тука се гледа дека нема човечност и каење. Тука се гледа реалноста со која ние како општесвто се соочуваме, а тоа е вакви луѓе наместо да се соочат со криминалот, одат понатаму, плаќаат телефон на син му. По мене, со адвокатите со кои разговарав, мислам над 20 адвокати не исконтактираа да не бранат, штом ти си купил телефон за да се договараш во врска со убиство, ти си дел од тој процес, ти прикриваш убиство, ти си соучесник. Сакам да одговараат родителите како јасни и чисти соучесници во убиството, бидејќи го прикриваат, рече тој.
Колаков беше прашан и за неговите сомежи за недоаѓањето на јавен обвинител, кој, како што кажа напротестите го немало три часа.
-Како што разбравме, за еден обвинител има и еден заменски. Значи кога еден е дежурен има уште еден и е заменски. Успеавме да провериме. Друг случај во тие три часа на општината немало. Е сега ај сите да се прашаме зошто ни дежурниот ни заменскиот да не дојдат. Утре дента го носам семејството на инекции, откако го видоа девојчето дека е прекршено се шекнаа. Сестрите уште беа на смена и ми кажаа дека немал ни возачка, а нам не ни го кажаа тој факт. И мене ми се запалија сите аларми кога сватив дека три часа нема обвинител, освен ако некој не сакал да гледа како цела фамилија умира. Си реков барај чаре, бидејќи како јавност сите се изнагледавме во минатото, во континуитет како лесно си минуваат во вакви случаи. Малку некој ќе дигне гужва, ќе се напарави протест и кога ќе слегнат работите де факто со којзнае какви коруптивности, на тишина ќе си ја завршат работата. Ете некој добил 20 години, па му ја намалиле за четири, а убил човек. Неказнивоста е рак рана и корен на сите проблеми на нашето ошество. Со цела почит на сите правни експерти ама ништо не им признавам, чинам и дека ја бранат судијката, а тој е фатен и во бизнис со дрога. Според информациите што ги имам лабораторијата му била во стан на баба. Значи се работи за сериозен бизнис со дрога. И сега требало многу благи казни, оти големите не вродиле со плод. Треба да си правен далтониста, да не можеш да разликуваш што е блага казна од неказнивост, а неказнивоста ги создава овие монструми. Со таа неказнивост нормално е да ја утепа ќерка ми и нормално е утре и пола држава да ја истепа, ништо за него тоа не значи, рече огорчено тој.
Кулаков беше прашан и за очекувањата, кои ќе им донесат барем минимална утеха.
-Нормално е дека утеха нема. Нормално е ова што го правиме го правиме за правда за нашата ќерка. Кога се случиија овие 20.000 луѓе бев шокиран од толку многу случаи како нашиот. Сите исти. Се е 2-3 години казна, детето го нема и толку. Протести ќе има и ќе бидат уште поголеми. Сега беа само од Скопје, а ќе организираме и од цела Македонија и цел ден пред сите институции ќе стоиме од утро до вечер. Бараме максимална казна за самото дело и тоа казна доживотен затвор. Зошто? Не е само тоа дело. Кога ќе се земе акумулативно и над 40 години доагаат. Доживотен затвор а такво нешто заслужува. Возел дивјачки, на ниту еден прекршок нема казна од судија, нема грижа од родители, туку само поагресивно и поагресивно. Тука каење нема. Тоа е монструм, некој го створил тој монструм, а ние ги живееме последиците од тоа. Бараме доживотна казна, дециден е Кулаков и на крајот низ солзи додаде:
-Овде има еден клуч. Ќе барам експертиза од Машински факултет и од други независни тела. Пишува возел 130 километри на час. Лажат, цела јавност ја лажат. Еве „пежо 207“ знаеме каква кола е. Кола со мала маса, јас сум техничко лице, знам. Па како може кола со мала маса кога ќе ја залеташ 130 да летне девојчето, да лета 10 метри во воздух и на столбот на семафорот и таа да се прекрши и да го прекрши столбот. Па за што збориме? Ќе си вреѓаме ли интелегенцијата. Далеку е над 160 или 180 брзина, кажа тој низ силзи
А за тоа ако случајно ја сретнете судијака или родители или лично Васил него што би им порачал рече:
-Не би сакал да ги сретнам. Маче или куче да падне па ќе пријдеш. А не син ти дете убил. Судијката Даниела алексовска Стојановска подеднако на душа ја има ќерка ми како и дирекниот извршител, а и другите. Мора да ни е јасно дека има разлика од блага пресуда и неказнивост во континуитет. Од тоа настрада Фросина, рече тој на крајот.