По упокојувањето на владиката Тимотеј, Дебарско-кичевската епархија се уште нема владика. Во емисијата „Стадион“ владиката Марко беше прашан за тоа кој ќе биде наследникот на владиката Тимотеј. Оваа епрхија особено е интересна и поради нетрпението меѓу владиците Партениј и Петар.
-Се уште немаме закажано седница. Треба архиепископот Стефан треба да закаже седница, да се слушнат предлозите и да се најде најцелисходното решение. Сите опции се отворени, може да биде избран некој архимандрит, од постоечките митрополити, од викарните епископи. Треба да се види најцелисходното решение, кој ќе биде најприкладен. Треба да слушнат предлозите, треба да се дискутира меѓу нас и после ќе има гласање на целиот Синод, рече владиката Марко, а на тоа што се споменуваат имињата на Епископот Партениј, отец Пимен, владиката Нектариј, тој додаде:
-Секој е можен кандидат за тоа место. Клучна ќе биде дискусијата. Барем јас до сега сум имал пракса, така се бираа епископите. Јас година ипол сум во синодот на МПЦ, не сме имале ваков тип гласање. Ова го кажувам од пракса во СПЦ. Мислам дека е така најтранспарентно, рече владиката.