По повод Светскиот ден на детето, под почесно претседателство на словенечкиот амбасадор Грегор Прескер денес се одржа базар, на кој со свои штандови се преставија 15-ина амбасади во земјава, но и делегација на Европската унија и Институтот Конфучие при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Во преполната сала посетителите уживаа во културната разновидност, во традиционалните кулинарски специјалитети од државите, пијалоци и уникатни производи.
Средствата добиени од овој базар се наменети за поддршка на децата, особено на децата со посебни потреби од училиштата „св. Климент Охридски“ во Македонски Брод и „Братство-Миѓени“ – Тетово.
-Ова е голем хуманитарен дипломатски базар, каде многу од амбасадите кои се присутни во вашата земја се претставуваат со различни производи, како храна и подароци. Сите средства ќе одат во добротворни акции, денес средствата се наменети за две школи, една во Македонски Брод, другата во Тетово. Имаме над 15 амбасади, луѓе доаѓаат и купуваат различни призводи, рече Грегор Пескер, амбасадор на Словенија.
На овој базар присутен беше и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски