Игор Ангелов деновиве е актуелен со монодрамата „Сите најубави нешта“, која му е првенче создадено во соработка со режисерот Дејан Пројковски и во продукција на Пеце Телески и ОХО. Гостувајќи во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Ангелов вели дека човек треба да ги бара малите убави нешта – се тепаме, трчам по милион други нешта, но забораваме за малите едноставни работи. Оваа монодрама е токму за тие мали нешта, за човек, кој покрај депресијата на мајка му, расте и овој човек прави список на најубави работи. Претстава која на еден убав и нежен начин збор за борбата со депресијата, анксиозноста, со стравовите, и како што рече, „за тоа колку сите ние и да сме подготвени за ова општество пливаме во океан на стравови и неубави мисли“.
-Најретко разговараме за тоа, поготово ние машките, затоа што нашето општество, нашата средина така не’ подготвува уште од најмали нозе не’ подготвуваат така – не смееме да плачеме, не смее да бидеме ранливи… Такво ни е миљето и за тоа на млади деца им се случуваат крахови, сериозни проблеми, затоа што не зборуваме за чувствата, едноставно не заплакала. Се срамат да плачат. Тоа се работи кај нас на ниво на табу, за тоа не се зборува, ќе молчиш, ќе трпиш, Ова е претстава што се бори против тоа, рече Ангелов во „Стадион“.
Игор Ангелов оствари и меѓународна кариера со бугарскиот филм „Срцето на машината“. За улогата во филмот доби и награда во Лондон, нарекувајќи го „нежниот џин“. Актерот вели дека со овој филм му се случија значајни поместувања на актерски план. Филмот многу добро помина во Бугарија и е најгледан филм во последните 30 години, кој му отворил многу врати на Ангеловски. По оваа улога, снимил серија, а во Србија работел две серии. За слушателите на Канал 77 сподели како се одвивале разговорите за влез во актерската екипа на бугарскиот филм.
-Ми се јавија за време на Короната, кога светот беше затворен и тогаш ми се јавија и рекоа – снимај се нешто и пушти видео. Прво ме прашаа (мој пријател актер) – ме прашаа колку си висок, тие знаеја дека сум висок – 192 сантиметри, затоа што актерот требаше да биде многу повисок од останатите. Се’ се одвиваше преку Зум. Не патував во Софија, ми се јавија за ден – два, со 15 дена подготовки – не можеше да се патува, ми требаа многу дозволи, ме мереа, температури. Целиот филм го играм со плус 20 сантиметри високи кондури, во филмот изгледам како џин. многу брзо го снимавме филмот, го снимавме во затворена поранешна фабрика, се игра во затвор. Тогаш немаше политички проблеми, тогаш стигнаа тие предлози, раскажа Ангеловски.
Политиката, не ја попречила актерската игра. Напротив, како што вели Ангелов, се шегувале на таа тема – чиј е Гоце Делчев, „наш е ваш е“.
-Едно знам – половина мои колеги имаат роднини тука во Македонија – половина кажуваа дедо ми е роден во Штип, татко ми е од Струмица… Нас тоа не не’ допира. Тие ѕидови што ги ѕидаме меѓу нас што се толку големи што прават да се гледаме тока од големо. Драго ми е дека доаѓаат актери од Бугарија, наши претстави има таму. Велешки театар прваше копродукција. Сепак ние сме соседи, се разбираме, не можам да сфатам што е тоа што не спречува, барем на културен план. Зошто да нема големи копродукции ?! Имаме и убави прекрасни теми за да дискутираме. Уметноста е алатка која може да реши големи проблеми – не гледам разлика меѓу Србија, Бугарија, Албанија, Грција во уметноста. Граници не смејат да постојат. Ние сме мала држава која има проблеми и не сфаќаме дека преку уметност, само за тоа да се фатиме. Голем фудбалски тим не може да направиме, скапо е, но со уметноста можеме. Не е многу скапо да донесеш голем уметник, смета Ангелов.
Зборувајќи за културата и уметноста, ги спомена како што вели, појавата на многу нус појави.
-Се појавија многу луѓе и во уметноста, кои се криминогени ликови кои влегоа и во нашата фела да профитираат, да украдат, но од друга страна се чини, сите уживаат во некоја суверена неказнивост, никој на никого ништо не може да му направи, како да сме заложници. Ние сите знаеме како треба, но во пракса никој ништо не прави, кажа Ангелов.
Актерот смет дека можеби имаме малку театри. Секоја населба да има театар, независна сцена, има многу настани во овој период, но има периоди кога нема никаква понуда.
-Во Драмски театар, кој е мој матичен театар во недела нема претстави. Јас би сакал да има настани во недела и понеделник. Недела е супер ден е за навечер да се оди на културен настан. Во недела ние се затвораме, изјави Игор Ангелов во „Стадион“ на Канал 77.