Четири случаи на семејно насилство регистрирала полицијата во последното деноноќие. Три од жртвите се од Скопје, а едната од Штип.
На 27.10.2024 во 15.00 часот полициски службеници од Полициското одделение Сарај, го лишиле од слобода Џ.М.(48) од с.Крушопек, скопско, по претходна пријава дека околу 00.30 часот во семејниот дом се однесувал агресивно, кршел од покуќнината, а потоа физички ја нападнал својата 44-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.
Полицијата информираше и дека на 27.10.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.Д.(42) од скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје, полициски службеници извршиле службен разговор со Ѓ.С.(31) од Скопје, по претходна пријава дека на 26.10.2024 околу 22.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров физички ја нападнал својата 28-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (28.10.2024) во 00.55 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М.(63) од Штип, поради тоа што на 27.10.2024 околу 23.00 часот во семејниот дом ѝ упатувал закани на својата 66-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.