Лошите резултати од ПИСА тестовите се една од сликите за квалитетот на македонското образование, но и аларм за итна акција. Дополнително, се случува уште една парадокс на вишок наставници, кои работат со 4,5, 7 децата, кои остануваат изолирани во оваа микро средина. Ова го изнесе како податок министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која најави дека се размислува за промени во начинот на работењето.
-Имаме 3000 вишок наставници. Нашите наставници работат во паралелки од 9,12,17 ученици, што не е добро за учениците. Имаме места со паралелки од 4 ученици , тоа значи и дека децата не се социјализираат, немаат со кого да се натпреваруваат, во затворен круг се, без да применат современи информациски, лоцирани во рурални средини, во едно издвоено училиште, вели Јаневска.
Министерката смета дека треба оптимизација. Со тоа што подрачните училишта со неколку ученици да се припојат кон централните, каде наставниците би работеле.
-Со оглед дека нема ученици, иселувањето е преголемо во Македонија, а резултатите се минимални, овие 3000 наставници можеме да ги искористиме. Не да ги отпуштиме и уште повеќе да ни биде полошо образованието, туку да ги искористиме со дополнително ангажирање. Ем тие да не останат без работа, ем квалитетот на образованието да се подобри. Како? Со тоа што наместо од 8-11 часто, децата да бидат од 8-16 часот, па овие наставници кои работат со 4-5 деца сега ќе работат во нормални паралелки од 20-30 деца, со многу други часови, освен тие во обрзовниот корикулум, како изборни предмети, вон наставни, животни вештини, техничко образование – ќе им се брои како час. Нема во 11 часот да отидат дома ,туку ќе работат со деца да научат и пишуваат со разбирање, да знаат да ја корист математиката во животот, изјави Јаневска.
Според министерката, државата ќе мора да создадат услови за едносменска и целосменска настава.