Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравство, во најновото издание на „Стадион“ на Канал 77 отворено проговори за проблемите во македонското здравство, кое од искуството во минатото, но и денес, очигледно во ништо се нема променето, па останува да се провлекува како една од најболните теми за нашето општество.
Клековски истакна дека македонското здравство треба да се промени од корен, имајќи предвид дека проблемите од минатото се длабоко втемелени во секоја установа низ државата, но и дека корупцијата е присутна од прв до последен сегмент.
- Целото македонско здравство е корумпирано, од прв до последен сегмент. Свесен сум за тежината на оваа констатација, но не можеме да замижиме на очигледните проблеми, бидејќи само ако ги регистрираме и констатираме може да ги решиме. Во Македонија има дивеење на криминал и корупција, па и затоа долго време сме заглавени во безизлезна ситуација. Токму поради ова, извештаите од контролите во ФЗО се неопходни за да се утврдат пропустите, манипулациите и сериозните финансиски загуби, а со цел да се бара одговорност од сите кои биле креатори на ваквите аномалии, истакна Клековски.
Директорот на ФЗО уште еднаш констатираше дека долгот на ЈЗУ во земјава изнесува пет милијарди денари, а само на почетокот на годинава бил зголемен за една милијарда. Долг, кој рече, можеше да го загрози редовното работење на здравствените установи и да доведе до блокирање на сметките на некои здравствени установи.
Тој уште еднаш најави дека со ребалансот на Буџетот, долгот ќе биде намален за две милијарди денари, со што, рече, ќе биде донесен на едно одржливо ниво.
„Стадион“ се емитува во живо и може да го проследите на линкот подолу: