Во најновото издание на „Стадион“ на Канал 77 гостува Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство, кој во првиот дел од отворената емисија говори за актуелната ситуација на Македонија во поглед на преговорите со Европската Унија.
Како што кажа тој, во моментов ситуацијата не е најповолна за Македонија, но тоа е така поради засега цврстиот став на Република Бугарија, која со оваа моментална политичка гарнитура има јасен став дека без промена на нашиот Устав нема да имаме напредок.
- Не сум евроскептик, но реалноста е дека Унијата засега не планира проширување. Сметам дека ако има проширување тоа ќе биде групно, неколку земји да отпочнат преговори со ЕУ. Францускиот став е јасен, без реформи во самата ЕУ нема да има проширување. Сепак, мора да признаеме дека и без промени во нашиот Устав, очигледно е дека нема да има договор со Реапублика Бугарија, тоа е нивна одлука која засега со оваа тамошна политичка гарнитура се повеќе се зацврстува како нивна јасна и недвосмислена позиција, вели Клековски.
Како што кажа тој, според последниот европски извештај, Македонија е подобра во исполнувањето на европските критериуми и услови од Србија, Албанија и Косово, но единствен проблем останува нерешеното прашање со соседна Бугарија.
Целото интервју може да го проследите на линкот подолу: