Министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на Клиничка болница-Штип изјави дека се надева оти градежните активности кои се стопирани на новиот објект на болницата ќе продолжат наредната година.
-Имаме повторно одлука на Влада, со која се дава овластување на Министерот за здравство да ја даде целокупната документација на сите заинтересирани компании, коишто би отишле во Кичево и Штип и би ги видели болниците и одлучат, да ни дадат каква проекција имаат, како мислат понатаму да продолжиме. Наш топ приоритет се Клиничката болница-Штип, Клиничката болница-Тетово и Општата болница во Кичево, којашто замислете почнато е да се гради 1996 година и се уште е карабина, изјави Таравари.
Министерот Таравари посочи дека на денешната средба со раководството на болницата и директорот Владко Захариев разговарале за потребните апарати, недостаток од кадар, а старата зграда какошто вели Таравари не е сменета од 2017 година, кога првпат ја посетил болницата, како министер.
-Така да денеска конкретно имаме и нов апарат, кој е доделен од министерството за здравство во вредност од околу 200.000 евра. Тоа се средства на министерството се работи за ендоскоп и лапараскоп и цистоуредоскоп, којшто се користат и за дигестивна хирургија, односно торакална хирургија и за урологија. Досега апаратот веќе се користи и докторите се задоволни од користењето на апартот, вели Таравари.
Тој додаде дека Клиничките болници во Штип и Тетово се важни за да функционираат, бидејќи Штип покрива повеќе од 300.000 жители во државата. Министерот за здравство, Арбен Таравари и заменик министерот за здравство, Јовица Андовски денеска беа во посета на Клиничка болница-Штип.
Голем дел од дел од дефицитот на лекарски кадар во здравството ќе се надомести со приватните специјализанти од кои на последниот повик се пристигнати околу 480 апликации, а ќе се постапува според интересот на болниците. Се надевам дека во првите 300 доктори, дел од нив, можеби повеќе од 10, ќе ги ангажираме во Штип, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој денеска најави дека таму првите специјализанти може да се очекуваат до крајот на годината. Интерес изразиле околу 30 доктори.
-Разговаравме и со директорот, и кај него дошле специјализанти кои изразиле интерес, но и кај нас се дојдени, апликаците се веќе собрани, околу 480 доктори од вкупно 600, нормално, ќе постапиме по интересот на болниците. За во Штип информацијата е дека некаде околу 30 доктори изразуваат интерес, не само од Штип туку и од околните места, ќе постапиме според тоа што ќе го каже директоорт дека е приоритет, изјави Таравари.
Според Таравари, со планираните вработувања на над 1000 лица во здравството кои сега се ангажирани со договор на дело ќе се отвори можност за нови договори поради огромниот дефицит на здравствениот кадар.
– Во здравството моментно, за жал, се ангажирани 2500 луѓе претежно средно медицински кадар со договор на дело. Земавме обврска до крајот на годината на дел од нив, на над 1000 ќе се обидеме да им дадеме решение и со тоа за да отвориме можност за нови договори бидејќи навистина има огромен дефицит на доктори, но посебно од болничари, хигиеничари и медицинси персонал, .. рече Таравари.
Во штипската Клиничка болница, како што рече директорот Владко Захариев, има дефицит на кадри во сите одделенија.
-Најалармантно е на Анестезија, Гинекологија, исто така ни фалат и доста општи хирурзи, исто и на интернисти, односно во сите одделенија, рече Захариев.