Управата за јавни приходи и овој месец ги продолжува контролите за даночна усогласеност и кај објектите на отворено.
– Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено, односно на манифестациите „Егзит” во Струмица и „Тиквешки Гроздобер” во Кавадарци. Од извршените контроли, кај пет даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и неводење книга за дневен финансиски извештај, соопшти УЈП.
Управата за јавни приходи, како што се наведува во соопштението, пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони.
Работните средби со исто темпо, велат оттаму, продолжуваат и понатаму.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460