Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вечерва на гостински терен против Холандија ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.
Натпреварот во Алмере е закажан со почеток во 20 часот.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски се петтопласирани во групата Ц со шест бодови од исто толку натпревари, а домаќинот Холандија е лидер со максимални седум победи.
Македонската репрезентација во септемврискиот циклус ќе одигра уште еден натпревар од квалификациите на гостински терен против селекцијата на Гибралтар.
Европското првенство во 2025 година ќе се одржи во Словачка.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...