Еден пијан патник се обиде да влезе во кокпитот на авион на компанијата „ИзиЏет“ на висина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот е „некомпетентен“ и дека тој знае подобро да управува со леталото, но екипажот и патниците успеаја да го совладаат.
Авионот, кој полетал од аеродромот „Гатвик“ во Лондон кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен.
Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, по што добиле аплауз од исплашените патници, пишува весникот „Сан“.
По слетувањето во Минхен, германската полиција го уапсила, а патниците ја поминале ноќта во хотели.
Еден од патниците изјавил дека персоналот на авионот се однесувал одлично, но дека „драмата била многу вознемирувачка“.
Од компанијата рекоа дека ваквите инциденти се ретки и дека не толерираат несоодветно или заканувачко однесување