Американската гимнастичарка Симон Билс доби многу критики поради фризурата што ја носеше на Олимписките игри во Париз. Некои сметаат дека критиките биле несоодветни и тенденциозни затоа што гимнастичарката изгледа сосема пристојно.
„Не е учтиво вака да се појавиш на Олимпијада“; „Што се случило со твојата коса?“; „Дали се погледна во огледало пред да излезеш?“, „Изгледаш страшно“, се некои од коментарите.
Познатата гимнастичарка на својот Инстаграм напиша дека не треба да ја напаѓаат поради косата затоа што таа ѝ била средена, но автобусот во кој била превезена не бил климатизиран и внатре било „9.000 степени“.

