Отсекот за компјутерски криминал и Отсекот за општ криминал при СВР Куманово поднесоа две кривични пријави против Л.А.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „полов напад и силување“.
Тој креирал профил на социјални мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга.
При преземањето мерки и извршената анализа на случајот било откриено дека тој извршил и обљуба врз неговата поранешна сопруга, по што бил пронајден и лишен од слобода
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...