Шејла Зониќ, годинешната победничка на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ доби на подарок нов автомобил, објави Гранд.рс.
Како што претходно беше најавено, на победникот на конкурсот му беше доделена статуа, песна, комплетен маркетинг, но и автомобил Škoda Kamiq, којa пејачката денеска го презеде.
На Шејла свечено и беше врачен клучот од автомобилот, а таа пресреќна и насмеана се заблагодари за заслуѓениот подарок.
Новата ѕвезда на Гранд освои 132.047 гласови од публиката.
Таа откако победи се огласи на Инстаграм:
„Од се срце им благодарам на сите што гласаа и го зедоа овој трофеј заедно со мене. Љубовта и вистинските вредности победија и за тоа вреди да се живее“.
Победникот беше решен со СМС од публиката од пет земји – БиХ, Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија.
Саша Поповиќ откри дека биле добиени 530.000 гласови, а Шејла е деветта натпреварувачка од Босна и Херцеговина која победила на ова музичко шоу.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)