Змија како се движи по скромната количина на озеленета вода по коритото на реката Отиња во Штип беше снимена од минувачи, кои немаа одговор на прашањето – дали тоа во речиси сувата река се појавија водни змии?! Одговорот веројатно го имаат познавачите на влекачите, па затоа, ова е повик до нив да ни кажат за каква змија се работи.
Зачудените граѓани на минување се шегуваа дека денот во Штип е толку топол, што и змиите почнаа да се капат.
За оние кои не се од Штип, да кажеме дека реката Отиња, која минува низ центарот на Штип се’ до влевот на Брегалница има корито со вода или со мали количини, кои ги снемува со надоаѓањето на топлите денови.
Видео: Бојана Стефанова