Новиот претседател на македонското Собрание, Африм Гаши во неговото прво интервју за РТК Косово, зборуваше за неговите семејни корени и косовското потекло. Гаши, иако е роден во Скопје, рече дека следи се’ што се случува со Косово, бидејќи е негова татковина, каде неговиот дедо и родителите се родени и живееле. од Качаник. Семејство Гаши во 50-тите години на минатиот век се преселило од Качаник во Скопје, објави Опен-ТВ.
„Во 50-тите години на минатиот век дедо ми работеше во Скопје, а од технички причини на тогашниот отежнат превоз купил мал дом во центарот на Скопје и семејството го однел овде, но по земјотресот се вратиле во родниот град за кратко време, потоа се вратија во Скопје и оттогаш дедо ми, вујковците и тетките живеат во Скопје. Роден сум во Скопје“, одговори Гаши на новинарско прашање.
Тој изјави дека често ги посетува роднините таму и дека е многу поврзан со Косово.
„Верувајте, до деведесеттите ние немавме никаква разлика. Кога се поставија административните граници, луѓето родени по деведесеттите можеби и не можат да го разберат ова, но за мене Косово е мојата татковина, местото каде се родени моите родители и сочувствувам со се што се случува во Косово. Нема ниту еден процес, политички, економски или општествен што не го следам таму и го следам со многу внимание, како да сум оттаму“, изјави Гаши за РТК.
Во ексклузивното интервју, Гаши му оддаде признание на косовскиот премиер Албин Курти и неговото Движење Самопределување за помошта на коалицијата ВЛЕН да добие голем број гласови.
Вина на ДУИ е, смета Гаши што не бил избран првиот претседател Албанец во Македонија, додека целосната употреба на албанскиот јазик рече дека е прашање што бара итно решение.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460