„Не зам кому би му одел во прилог земјата да влегува во нови политички кризи“ – со овие зборови Моника Зајкова од Коалицијата европска иднина и лидер на ЛДП одговори во „Стадион“ на Канал 77 на вчерашните настапи на Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ. Тој во неговите говори шпекулираше дека се работи на „црни сценарија“ и најавен бојкот од страна на СДСМ и Коалицијата и дека по поразот во првиот круг, „одат и плачат во Мала Речица“.
-Моника Зајкова никогаш немала разговори со Али Ахмети, а најмалку одела да плаче во Мала Речица. Ние продолжуваме со нашата кампања и не повикавме на бојкот. Дури вчера во Капиштец јасно повикавме да излезат граѓаните на 8 мај. Не знам кому му одело во прилог земјата да влегува во нови политички кризи“, рече Зајкова.
Според Зајкова, останува определбата за Европска Македонија, со завршени преговори до 2028 година и остварување на полноправно членство во 2030 година
По бројните комбинаторики за тоа какви коалиции би можеле да ја состават новата влада и учеството на ЗНАМ, носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски одговори на шпекулациите за влегување во владата на ВМРО ДПМНЕ.
-Не го познавам Мицкоски – можеби ќе го запознаам некогаш во животот, ќе го запознаам во Собранието можеби, извесно е дека ќе влеземе. Колку што мене му е познато никој од ЗНАМ не се чул од никого. Можеби некој куртуазно да се сретнал и честитал. Ако алудирате на некакви коалиции или договор за коалицирање во втор круг – такво нешто не постои. Ние немаме резултати, не знаеме кој со кого ќе коалицира, дури и мататички, ние претпоставуваме врз основа на последните резултати, ќе коалицираме, но главен услов е да се прифати нашиот документ со црвени линии, одговори Карапејовски.
Тој рече дека нема услов кон СДСМ да не се разговара додека Оливер Спасовски е во раководството, туку дека според политиките што ги спроведува партијата, не ни е можен коалиционен партнер, бидејќи се работи за нивни темелни вредности.
Емисијата „Стадион“ е во тек. Во штипското студио се Рашела Мизрахи од ВМРО ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица, додека во студиото во Скопје – Моника Зајкова од ЛДП и Бојан Карапејовски од ЗНАМ.