Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на улица Волт Дизни во Скопје настанал пожар во куќа, соопшти полицијата.
Пожарот во куќата, сопственост на Ѓ. Д. (65) од Скопје, избил околу 18.23 часот, а биле зафатени и куќите на А. А. (36) од Скопје, Ф. Е. (55) од Скопје и на Е. Н. која се здобила со повреди и била префрлена во здравствена установа за укажување лекарска помош.
Во пожарот со повреди се здобил и Ѓ. Д. кој исто така бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгасила пожарот.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...