Високите, речиси летни температури ги намамија сите надвор, што значи и дека сезоната на скара е започната.
Но, ако живеете во Германија и сакате да правите скара на вашата тераса, мора да го почитувате новото правило доколку не сакате да бидете казнети.
Германските медиуми пишуваат дека најголемиот проблем со скарата на јаглен е тоа што премногу чади. Чадот од скара на јаглен не само што на вашите соседи може да им биде непријатно, туку може да ги прекршите и германските закони за животна средина.
Доколку печењето на скара предизвика штета на животната средина поради премногу чад, може да се изречат казни до 25.000 евра. Освен тоа, ако го правите тоа често, тоа може да доведе и до судски случаи.
Германските медиуми предупредуваат дека граѓаните треба да внимаваат да не предизвикуваат сериозни проблеми и да ги почитуваат важечките прописи, пренесува индекс.хр.