Менаџерот Новак Радин е уапсен под сомнение дека продавал кокаин, a во куќата во која живее незаконски чувал пиштол и муниција од различен калибар.
Кај него полицијата пронашла околу 50 грама кокаин и околу половина милион динари.
Радин, како што јавуваат српските медиуми, ќе биде спроведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград, по што ќе бидат познати повеќе детали за овој случај.
Новак Радин е познат по своите соработки со големи имиња од српската естрада, меѓу кои Јелена Карлеуша, Шако Полумента, Андреана Чекиќ и Вук Моб.
На својот Инстаграм профил често споделува фотографии со овие познати личности.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...