СВР Штип информира дека месецов пријавени се неколку кражби на цркви во вети Николе.
-На 25.03.2024 во ОВР Свети Николе било пријавено дека во периодот од 09.03. до 21.03.2024 со употреба на сила било влезено во манастирот „Св.Јован Богослов“ во с.Богословец, светиниколско и биле одземени пари. Исто така, било пријавено дека во периодот од 04.03. до 10.03.2024 со употреба на сила било влезено во манастирот „Св.Недела“ во с. Ранченци, светиниколско и биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од СВР Штип.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...