Со 51 глас ,,за” и 22 против, а ниту еден „воздржан“Собранието не ги донесе измените за Законот за игри на среќа.
Вкупно гласаа 73 пратеници, од нив 51 гласаа ‘за’, 22 ‘против’, ‘воздржани’ нема. Констатирам дека Собранието не го донесе Законот за изменување и дополнување на законот за игри на среќа и за забавните игри“.
Но, што се случи по паузата, спикерот Митревски со својата изјава ја збуни јавноста дека е донесен законот, но истата беше појаснета дека за да се усвојат измените на законот Според членот 75 од Уставот, потребно е да добие најмалку 61 глас „ЗА“ при неговото повторно гласање.
Уште еднаш констатирам дека Собранието го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и за забавните игри. Бидејки не е донесен со потребниот број гласови односно со мнозинство од 61 глас за Претседателот на Република Македонија не е должен да го потпише указот.
Реагираше пратеникот од ДУИ Арбер Адеми кој изрази загриженост што законот не се изгласа со потребните 61 глас и ја обвини опозицијата што како што вели не застанала на страната на граѓаните.
Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа ја поздравија одлуката на пратениците за да не се донесат новите законски измени за Законот за игри на среќа, но упатија и благодарност до официјалните претставници на ЕУ кои укажаа дека нема да премолчат злоупотреби кои нанесуваат директна штета на европските демократски вредности. Од Асоцијацијата на спортски обложувалници пак велат дека нивните апели да не се поддржи спорниот и неевропски Закон за игрите на среќа конечно биле препознаени и од пратениците.
– Во името на 10 илјади вработени во секторот игри на среќа и нивните семејства оддаваме признание на сите пратеници кои не гласаа за скандалозните и противуставни измени на Законот за игри на среќа после одлуката на Претседателот на Републиката да не го потпише указот за нивното стапување во сила. Покажаа дека имаат слух за нашите аргументи, го заштитија Уставот и спасија илјадници работни места. – велат од АПИС.