„Песната е предобра, ќе се слуша со денови и ноќи, Ни треба повеќе од Тони и Слаткар, Ауу искина братот Зен…. Мило ми е Тони и Слаткар да ги видам повторно во песна“, ова се само некои од коментарите на Јутјуб за најновата песна на раперите Тони Петковски, познат како Тони Зен, и Марко Маринковиќ, познат како Слаткар.
По десет години Тони Зен и Слаткар имаат заедничка песна – „Sugar“, а овојпат на познатите рапери им се придружи и најпознатата македонска група „Два бона“ и пејачка Антониа Гиговска.
Музиката и текстот се заедничко дело на сите четворица, а аранжманот го направи Марко Јелиќ – Кун од „Два бона“.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...