Италијанската полиција уапси баба(103) која како учесничка во сообраќајот, ги прекршила правилата. Станува збор за пензионерка, родена 1920 година, која немала ниту возачка дозвола, ни осигурување за во случај на сообраќајна незгода, јави ДПА.
Жената била запрена среде ноќ, поради пребрзо возење во градот Бондено во северна Италија. Им кажала на полицајците дека се упатила кај пријатели надвор од градот. Таа потврдила и дека пред две години ѝ истекла возачката дозвола и не ја обновила.
Поради сторените прекршоци, возилото е одземено, а повозрасната жена е однесена со полициско возило до својот дом.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...