„Се чувствувам како да живеам во пекол“. Вака познатата актерка Кристина Еплгејт која боледува од мултиплекс склероза ја опиша својата здравствена состојба во телевизиската емисија Добро утро Америка.
„Никогаш нема да се разбудам и да кажам „одлично сум“. Само ќе ви го кажам тоа. Тоа нема да се случи. Се будам и се потсетувам на тоа секој ден. Но, можеби ќе дојде време кога ќе функционирам малку подобро. Моментално сум во изолација, па се справувам да не одам никаде затоа што навистина не сакам. Тешко е“, продолжи таа да зборува за својата болест.
Во јануари, Еплгејт доби овации кога беше домаќинка на Еми наградите. Таа зборуваше и за тоа појавување во јавноста и откри дека едвај го памети.
„Луѓето ми велеа дека сум толку смешна, а јас им реков дека не знам ни што зборувам. Не знам што правам. Бев толку исплашена што не ни знаев што се случува. Се чувствував навистина сакано и тоа беше прекрасна работа“, рече таа.
Еплгејт неодамна изјави дека веројатно нема повторно да се појави пред камера.
„Не можам ни да замислам да одам на снимање. Тоа е прогресивна болест. Не знам дали ќе се влоши“, рече ѕвездата од „Dead To Me“.