Полициски службеници од СВР Велес вчера ја лишиле од слобода 32 годишната Р.С. од Велес, осомничена дека од лицето Т.Ѓ. (54) години од Велес одзела пари.
МВР информираше дека вчера на Т.Ѓ. му се слошило каде паднал на улицата “Илинденска“ пред пред дуќаните во близина на Новиот мост во Велес каде веднаш починал. Во тој момент додека Т.Ѓ. лежел до него се доближила Р.С. каде му ги одзела парите.
Осомничената била задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)