Нови 85 илјади обрасци за пасоши треба да пристигнат најдоцна денеска.
Заменикот министер за внатрешни по посетата на СВР Тетово уверува дека системот функционира насекаде и сите граѓани ќе бидат услужени.
Бојмацалиев ги предупредува граѓаните да не се лажат дека можат да патуваат со пасоши со старото уставно име надвор од државата и потенцира дека никој не ветил закон за продолжување на рокот.
„Со старите пасоши не може никаде да се патува бидејќи нема да остварите излез од државата. Бидејќи тие со законот кој е со сила на важење повеќе не се во функција, со старото име зборам. А со новите секаде може да се патува. Никој не даде ветување дека законот за продолжување на рокот ќе биде изгласан, затоа нема да се создаде никаков хаос и метеж бидејќи граѓаните знаат дека пред 2021 јули месец веќе се издаваат патни исправи со Република Северна Македонија и беше јасно кажано дека ќе важат до февруари 2024 година, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.