Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес се обрати до претседателот на Собранието Јован Митрески, со барање за повлекување на точката за Законот за административни службеници, по скратена постапка од дневниот ред на 138-та седница закажана за денес и повика на разумност и соработка.
„Имено во изминатиот период се обративме до сите пратенички групи со јасни забелешки околу предлог законот, кој што нема ништо европски, туку има само за цел работниците во јавниот сектор да останат покуси за усогласувањето на минималната палата во март, согласно Законот за минимална плата.
Одредбите од овој закон кои што би требало да важат сите од 01.01.2025 година, а само една одредба која што ја отстранува минималната плата од платата на вработените во јавниот секотор важи од СЕГА, јасно покажува дека во вакви тешки моменти со енормната инфлација и поскапувањата кои ги имаме е само АНТИРАБОТНИЧКИ, но никако не и Европски“, велат од КСС.
Предлагач на овој закон е Владата и претходниот министер на Министерството за информатичко општество и администрација, а согласно Законот за работни односи, како закон од трудовата легислатива кој има круцијално значење за работниците, има обврска да помине на седница на Економско – социјалниот совет со заклучок, а воедно и да се отвори јавна дебата.
КСС го извести претседателот на Собранието и сите пратенички групи дека доколку се инсистира и се донесе овој закон ќе бидат известени не само сите амбасади, туку и Европската комисија преку нашите конфедерации во кои членуваме, Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК) и Светската конфедерација на синдикати (ИТУК) дека во Македонија драстично се кршат работничките права со злоупотреба на европското знаменце.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460