Треба срам да му биде на професорот Атанаско Тунески за изнесените лаги, постојат низа примери на кои државите им помагаат на странци во изградба на енергетски објекти, како во Европа, така и во светот. Јавниот оглас за Чебрен беше транспарентен, но домашните компании во Македонија не се пријавија, па затоа и понудивме финансиска поддршка на странците, што се согласувам дека е фрапантен податок заради кој немам одговор зошто е тоа така, рече во денешното издание на „Стадион“, Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во ЕСМ.
- Законот за стратешки инвестиции беше донесен во 2020-та година, затоа и доцна почнавме со реализација на проектите за енергетски капацитети, каков што беше и „Чебрен“, а потоа следуваше пандемијата и војната меѓу Русија и Украина. Сепак, Владата постојано се обидува да внесе конкуренција на пазарот со изградба на нови енергетски објекти, без оглед дали се домашни или странски. Срамно е професорот Туневски кој во неговата кариера бил и во двете партии со најголем владејачки мандат во земјава, но и на високи позиции, а притоа да не успее ништо да придонесе во развојот на енергетиката во земјава, освен ширење на лаги и демагогија. Заради таквите како него, Македонија веќе 20 години нема никаков напредок во изградбата на енергетските објекти, обвини Андонов.
Новото издание на „Стадион“ може да го проследите на следниот линк:
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)