Македонија повеќе од 3 децении и 13 неуспешни тендери, уште еднаш не успеа во реализацијата на хидроцентралата Чебрен, изјави денес во „Стадион“, Атанаско Тунески, универзитетски професор, потенцирајќи дека Македонија треба да гради свои државни енергетски капацитети што ќе произведуваат доволно ефтина струја, со цел социјалата биде испочитувана.
Како што кажа тој, Чебрен треба да постои, но не под овие услови и по оваа цена, но и дека не треба да биде раздаван на странци, туку на домашни компании.
- Суштински нужно е овој проект да се реализира во полза на Македонија, а не на штета на граѓаните. Доколку е тоа можно, изградбата треба да ја понесеме на наши плеќи, а дури и да не сме во целост кадарни нашите фирми и инженери треба да работат рамо до рамо со оној што би ја градел централата за да го стекнат неопходното искуство за реализација на идните проекти. Само на овој начин ќе се осигура евтина или во најмала рака поволна цена на произведената енергија, во спротивно струјата добиена од Чебрен ќе ја купуваме по неколкукратно повисоки берзански цени, оценува професорот.
Целото интервју може да го проследите на следниот линк: