„Покажувањето толку малку почит кон жените со тоа што ги осакатува во јавноста кажува многу“, вака реагира британско-иранскиот актер Омид Џалили, отворен критичар на режимот во Техеран, откако Дејли мејл објави дека иранските весници несмасно ја цензурирале Џорџина Родригез на семејна фотографија.
Џорџина се фотографирала со својот партнер Кристијано Роналдо заедно со нивните деца по повод роденденот на фудбалерот.
Таа на фотографијата е облечена во црн, тесен фустан кој ги истакнува нејзините облини, посебно нејзиниот задник. Иранскиот весник „Хамшахри“ реши да ја „цензурира“ оваа фотографија така што Џорџина во весникот излезе рамна како даска.
Погледнете сами на фотографиите што ги објави Дејли Мејл на социјалните мрежи.