Кичевчанец со автомобил удрил и тешко повредил полицаец, кој регулирал сообраќај.
-На 15.02.2024 во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Л.З.(23) од с.Длапкин Дол, кичевско. Околу 08.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и ул.„Борис Кидрич” во Кичево, тој со патничко возило „опел” со охридски регистарски ознаки удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот. Притоа, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
На претстојните Парламентарни избори:
- Ќе гласате затоа што Вашиот глас прави промена (39%, 187 Гласови)
- Ќе гласате затоа што гласањето е демократска придобивка (29%, 136 Гласови)
- . Не гласам затоа што не верувам дека изборите ќе донесат промена (19%, 91 Гласови)
- Не гласам, затоа што немам за кого (9%, 45 Гласови)
- Се’ уште не сте одлучиле дали ќе излезете на гласање (4%, 17 Гласови)
Вкупно гласови: 476