Гостувајќи во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77, актуелниот премиер на државата, Талат Џафери нагласи дека ја користи секоја прилика и околност да зборува на албански јазик, тоа е негово право загарантирано со Уставот, но дека тоа не значи дека на тој начин државата не е соодветно претставена било каде,
- Ништо помалку не е претставувана државата на било кој јазик. Што кога оди претставник од Македонија па зборува на англиски. Во таа смисла не е проблемот и не би требало да биде суштина на проблемот, битна е суштината на претставување и чувството дека ја претставуваме оваа држава, а не било што, истакна премиерот Џафери.
Вели дека ја користи можноста и доколку дозволуваат околностите не се кае што зборува на својот мајчин јазик.
Првиот човек на техничката Влада, премиерот Талат Џафери гостува во денешното издание на емисијата “Стадион”, разговорот во живо на линкот подолу.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...