Српските медиуми јавуваат дека е уапсен маж кој на социјалните мрежи објавил копија од најновиот филм за легендарниот Џеј Раманадовски „Недела“ кој е авторско дело.
Припадници на МВР, Управа за технологија, Служба за борба против високотехнолошки криминал во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал го уапси Љ.М. (1992) од Параќин, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено искористување на авторско дело или предмет на сродно право“, соопшти српското МВР.
При претрес на станот што го користел пријавениот, полициските службеници пронашле криминални предмети кои се товарат против осомничениот. Љ.М. му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал.