Пејачот на народна музика, Мирослав Илиќ долги години е присутен на естрадната сцена, а своевремено призна дека имал проблем со прекумерна конзумација на алкохол, пренесува информер.рс.
Тој откри дека се ослободил од ваквиот порок откако сфатил дека е лош за своите најблиски.
„Пиев од 1989 година. Се случуваше и да скршам по некоја чаша. Таа година ставив точка и се извлеков од сѐ, односно од алкохолот. Бев многу гаден играч кога ќе се напиев. Не ми беше пријатно ниту мене, ниту пак на луѓето од моето опкружување. Кршев сѐ и ги навредував луѓето околу себе“, изјави Илиќ во една прилика, додавајќи дека не се гордее со некои работи од минатото, но стои зад своите дела.
„Кога ќе се напиев не знаев што правам. Мислам дека повеќе пиев заради некакво докажување, а пиењето секако не ми годеше бидејќи многу лошо влијаеше на мене. Не умеев да пијам, а пиев многу. Замислете човек буддала кој на својата сопруг ѝ ја пали целата гардероба. Не се гордеам со тоа, но не одрекувам ништо од тоа што сум направил, па макар и да било лошо“, истакна Мирослав.