Младите генерации треба да се поттикнуваат во едукацијата и запознавањето на берзата и акциите, бидејќи следува период во кој физичките пари (ќешот) заминуваат во историјата, вели Коста Костадиновски во денешното гостување во „Стадион“ на Канал 77.
„Акциите се вистински имот со реална вредност, кои треба да се вреднуваат како капитал, имот, бизнис, а не само како моментална цена на берзата. Покрај вложувањето во станови, поттикнувам вложување и во профитабилни акции затоа што момнеталните цени на некои акции нуддат екстремно поголема вредност за вашите пари. Вложувањето во акции е реален и опиплив имот и нашата цел е да ги доближиме овие можности до граѓаните, нешто што е многу поблиску до младите, кои реално брзо прогресираат во финансискиот свет, но има и такви кои се спречени од нивните родители, единствено поради негативниот став дека ризикот е голем“, вели Коста Костадиновски, овластен инвестициски советник од Капитал ассет менаџмент.
Според него, иако приоритетите и мотивацијата за инвестиција за секого е различна и секој на иста возраст може да донесе различна одлука, сепак комуникацијата и советот од искусен финансиски експерт е основа за добар почеток.