Велешанец е условно казнет за кривичното дело „полово вознемирување“ . Тој добил алтернативна затворска казна од три месеци, која нема да се изврши ако во време на една година не стори друго кривично дело, пренесува порталот тирековмирече.мк.
Осудениот на 19 март лани, на Градскиот пазар, жена која стоела покрај тезга , со раката ја штипнал за задникот. Оштетата му возвратила „што правиш, свесен ли си што правиш“.
Со овој чин, осудениот го повредил човечкото достоинство, предизвикал чувство на несигурност, навреденост и понижување.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...