Поднесена кривична против охриѓанец за давање поткуп.
-ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.А.(60) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп”. При сообраќајна контрола извршена на улицата „Магистрален пат” во Кичево, полициските службеници сопреле товарно возило „Мерцедес” со охридски регистарски ознаки, што пријавениот го управувал. Притоа, тој на полициските службеници, во сообраќајните документи им оставил пари со цел да не преземаат службени мерки против него, информираат од СВР Охрид.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...