Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски фрлањето на крстот го следеше од неговата родна Крива Паланка.
Тој на својот Фејсбук профил до сите верници го честиташе овој голем христијански празник:
-Празнична Богојавленска софра како дел од масовната прослава во чест на големиот христијански празник Водици во Крива Паланка. Богојавленска софра е од натпреварувачки карактер, на која граѓани од ширум државава се натпреваруваат за најубава, највкусна и најдобро аранжирана “Богојавленска трпеза”, најавтентични садови и најубави македонски ракотворби. Сите присутни имаат можност да дегустираат од прекрасните традиционални специјалитети и да дадат свој хуманитарен придонес наменет за најранливите категории на граѓани. За овие убави празнични денови вака ја личи мојата Крива Паланка, заедно собрани, со песна и убава храна да го славиме животот.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)