На свадбената веселба имало повеќе од 60 луѓе, а таванот се урнал во доцните часови додека гостите танцувале, јавува АНСА.
Централната здравствена управа на Тоскана потврди дека 12 повредени се пренесени во болницата Сан Јакопо во Пистоја, а другите во болниците Лука, Пеша, Прато, Кареги и Торегали.
Во соопштението се наведува дека никој од повредените не се наоѓа во животна опасност, а меѓу хоспитализираните во Сан Јакопо се и невестата и младоженецот.
Во болницата во Пистоја бил активиран итен план поради големиот број на повредени лица.
Агенцијата Анса, потсетува дека свадбените церемонии традиционално се одржуваат во поранешниот манастир Џачерино на периферијата на Пистоја.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...