Министерството за внатрешни работи под водство на Јавното обвинителство во текот на изминатата ноќ го расчисти случајот откако вчера се добија информациите, се обезбедуваа доказите и беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференцијата која сѐ уште е во тек, а која институциите ја организираа по вчерашната информација за убиството на велешанецот Панче Жежовски и малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје.
„За жал, разрешницата не нѐ доведе до исходот кој го посакуваше целата македонска јавност, да ги пронајдеме живи, туку двете лица вчера беа пронајдени од полицијата убиени и закопани – првото во околината на Скопје, второто во околината на Велес.
-Дозволете ми да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите за оваа огромна загуба. Преземените опсежни мерки и активности од СВР Скопје нѐ доведоа до сторителите на ова грозоморно кривично дело без преседан. Тие се приведени и се собрани искази и материјални докази. Во врска со двата случаи осомничени се пет лица од кои за три е орпеделена мерка притвр. Едно лице е надвор од државата, а петтото лице односно таткото на девојчето е приведен. Извршен е распит и ќе се преземаат мерки по насока на ЈО. Како што веќе сте запознаени од соопштението, мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор и со знаење според првичните сознанија, на член на семејството, го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката, од што понатаму сите би имале материјална корист – соопшти министерот Спасовски.
Тој рече дека Жежовски немал никаква врска со малолетничката, но имал нерасчистени одоси со еден од осмничените.
„Неговото возило цитроен е земено и употребено при извршување на кривичното дело за потоа да биде пронајдено опожарено. Со ова возило е земена малолетничката од влезот на зградата, на живеалиштето откако претходно, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома. Главниот организатор и извршител со пиштол на 27.11 според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката. Можам да ветам дека ќе сторам сѐ ова лице или ако сакате подобро – овој монструм на кој му ја следиме трагата, час поскоро штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“, порача Спасовски.
(В. Ми)