Џејмс Стивен Доналдсон, надалеку познат на социјалните мрежи како MrBeast, поминал седум дена жив закопан два метри под земја. Цела недела се задржал во специјално опремена кутија со стандардни димензии, а за време на експериментот се соочил не само со физички, туку и со психички последици.
Џејмс решил да го доживее ова ова искуство под контролирани услови. Сепак, на овој начин тој сакал да достигне 200.000.000 претплатници на Јутјуб – што и успеал.
Меѓутоа, неговиот ковчег имал осветлување, снабдување со кислород, за да не се задуши, носел храна, пет литри вода, па дури и мали тегови за да не му атрофираат мускулите.
По два дена почнал да ги чувствува последиците од со часови лежење, недостаток на простор и сончева светлина, иако бил многу уморен, не можел да заспие, а солзите сами му течеле. Тој призна дека психички не се чувствува добро.
Неговите тројца пријатели цело време го следеле, комуницирале со него, па дури и правеле шеги за да го расположат, а неговата реакција по една недела, кога го откопале и го удрила сончевата светлина, била бесценета.
Иако Џејмс се обидел да вежба – колку што дозволувале димензиите на стаклениот ковчег – најтешко му било да застане на нозе по излегувањето. Се чувствувал многу слаб, па дури и докторот морал да ги провери сите негови витални функции.
Неговото видео на Јутјуб за два дена има повеќе од 65 милиони прегледи, четири милиони лајкови и над 86 илјади коментари.
Сега ги прашал своите следбеници – дали следниот пат треба да се обиде еден месец?