Комплетот од шест дресови кои ги носеше Лионел Меси на Светското фудбалско првенство 2022 во Катар ќе биде продаден на аукција идниот месец, објави аукциската куќа „Сотби“, проценувајќи ја нивната вредност на повеќе од десет милиони долари.
На аукција ќе биде ставен и дресот со кој Меси ја подигна светската титула, единствениот трофеј кој му недостасуваше во неговата блескава кариера, откако Аргентина во мундијалското финале ја совлада Франција.
На патот до титулата во Катар, аргентинскиот капитен го носеше сино – белиот дрес во групната фаза против Саудиска Арабија и Мексико, во осминафиналето против Австралија, во четвртфиналето против Холандија и во полуфиналето против Хрватска.
„Сотби“ соопшти дека станува збор за непроценлива збирка која очекува на интернет аукцијата од 30 ноември до 14 декември да достигне цена повисока од десет милиони долари што бил рекорден износ платен за спортски сувенир.
Најскапо продадениот дрес на аукција досега е дресот кој легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан го носеше во финалето против Чикаго во 1998 година. Дресот во септември лани беше продаден за 10.1 милиони долари.
Аукциската куќа „Сотби“ прецизираше дека дел од приходот од продажбата на колекцијата дресови на Меси ќе биде дониран за проектот UNICAS кој го води детската болница „СЈД“ во Барселона со поддршка на „Фондацијата Лео Меси“ за потребите за деца заболени од ретки боелсти. МИА
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460