Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на денешната седница, по однос на амандманите за спречување на носењето штетен и недемократски Деловник регираше необично. По паузата што беше дадена, на говорница излезе Апасиев и со чевел им „удри“ печат на амандманите за измени на Деловникот кои не беа прифатени.
„Еве го ‘Жан Моне’ процесот! Одличен е! Европски, по сите стандарди, по сите шверцерски стандарди на ДУИ. А вие како слуга на ДУИ, супер си ја извршивте функцијата. Ако ви треба пародизација на процесот – еве ви го. Многу да не ви е или да намалам. Еве го повелете. Доста ви е за сега, рече Апасиев на говорницата.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
