Во своето денешно гостување во “Утрински печат”, директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов зборуваше за неопходноста од изградбата на електраната Чебрен како и за сите поволности и бенефити што ќе ги ползува државата потоа.
Заштитата од поплави, регулацијата на речното корито на Црна река како и водоснабдувањето ги посочи Андонов како главни придобивки од изградбата на електраната Чебрен, потенцирајќи дека тоа се генералните бенефити од Чебрен уште од проектирањето на оваа електрана во седумесетите години.
- „Првичниот бенефит од Чебрен е заштита од поплави, регулација на речното корито на Црна река, потоа сега заради климатиските промени уште поизразена ќе биде потребата од вода. Генерални бенефити, тоа се приоритетните“ изјави директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Утрински печат“.
Од почетокот на деведесетите па се до денес тенденција на сите влади и на целото управување со Чебрен е да се додели на приватен концесионер, вели Андонов, посочувајќи дека постои општ политички консензус за тоа прашање.
- „Од почетокот на деведесетите па до денес, тенденција на сите влади, на целото управување е Чебрен да се додели на приватен концесионер. Може да кажеме дека има општ политички консензус за тоа прашање да биде регулирано така“ рече Андонов во „Утрински печат“.
Во своето денешно гостување Андонов истакна дека иако во 2008 година имало сериозни понуди од големи германски компании, претходно немало храброст да се донесе одлуката за градење на оваа хидроцентрала.
- „Постапката е започната во 2020 година. Тоа беше период на техничка Влада. Одлуката е донесена точно пред техничката Влада. Постапката започна со пред квалификација, за да некои компании да бидат квалификувани треба да видиме со каков капацитет располагаат, дали се финансиски способни, искусни инт … на крај добивме 10 сериозни светски и европски компании“ рече Андонов.
Директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, нагласи дека Чебрен ќе биде една од најголемите брани во Европа и на тој објект ќе работат голем број на инженери од фазата на проектирање и дизајнирање па до градење.
- „Било кој и да концесионер не може да ги донесе од дома. Има овде работа и искуство за сите, и за студентите кои овде студираат и за тие кои имаат искуство. Ќе има потреба од инженери. Токму нашите инженери ќе го стекнат искуството како е да се гради еден ваков значаен објект“ истакна Андонов.
Како што вели, обврска на инвеститорот е да ја изгради електраната, без разлика колку ќе чинин, а држвата не дава никакви пари.
- „Обврска на инвеститорот е да ја изгради Чебрен. Ние нема да даваме никакви пари. Да биде и 500 и 700 и милијарда се обврска на инвеститорот. Пошто имаше тези еве тие намерно ставиле милијарда за ЕСМ да даде 330 милиони. Тоа не е така. ЕСМ учествува со пристапен пат, изградба на приклучок на мрежа, експропријација на земјиште и студија за животна средина и Тиквеш“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Утрински печат“.
Според релевантните извештаи за енергетика, Андонов вели дека проекциите се дека изградбата ќе чини околу една милијарда евра.
- „Меѓутоа има една добра забелешка, 2022 година поради војната во Укрина се покачија цените на сите материјали, кои влијаат на цената на чинење. Само за една година од 2021 до 2022 растот бил 25 отсто. Сега веќе има тренд на намалување“ рече Андонов.
Во своето денешно гостување во Утрински печат , Андонов објасни и дека правото за управување и одржување на ХЕЦ Тиквеш ќе биде дадено три месеци по започнувањето со работа на ХЕЦ Чебрен, а не три месеци по стартот на градбата како што било предвидено во 2013 година.
Тој додаде дека ХЕЦ Чебрен ќе продава струја кога има најмногу побарувачка, а ќе купува навечер кога има вишоци.
- „Во сите анализи Чебрен е исплатлив доколку продава цена во највисоките побарувања, тогаш цената е највисока“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, во „Утрински печат“.
Идејата за проектирањето на Чебрен отсекогаш била да се продава струја по најскапа цена, а да се купува навечер кога има вишок во термоелектраните и е поевтина, нагласи Андонов.
Директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, вели дека проектираниот временски период за изградба е околу 7 години, но се зависи од инвеститорот. Концесијата е дадена на 60 години согласно законот за води.